Неверојатна приказна: Тинејџер станал милионер откако се обложил со своите родители

Пишува: Точка

Пред три години Ерик Финман се обложил со своите родители дека доколку стане милионер до својата 18-та година, нема да мора да оди на факултет. Тој го напуштил училиштето, бидејќи сметал дека тоа е губење на време, и учел од дома.

Минатата недела Ерик прогласил победа. „Добив облог од милион долари со моите родители. Им благодарам на сите“, објавил тој во вторникот. За кратко време неговата приказна го обиколи целиот свет.

Имено, се` започнало во 2011 година кога Ерик имал 12 години, а неговата баба му дала 1.000 долари, кои ги вложил во биткоини, на препорака од својот брат Скот. Ерик го мразел училиштето.



„Не бев за училиште. Играв игри и во тој момент мојот живот беше просечен. Без разлика колку и да се трудев, немав успех, добивав тројки и бев уплашен, бидејќи наставниците ги гледаа моите неуспеси во училиште како нешто лошо. Еден професор ми рече дека никогаш нема да бидам успешен во ништо и дека треба да го напуштам училиштето и да се вработам во Мекдоналдс.

Сепак, родителите го послушале и го отпишале од училиште, но ја продолжиле неговата едукација од дома, во Ајдахо.

Ерик го наплатил својот прв биткоин во 2013 година, кога неговата вредност била 1.200 долари и така го исплатил влогот. Со тие пари ја основал интернет компанијата „Ботангл“ која им овозможувала на фрустрираните ученици да најдат професори преку интернет. Пред тоа, отишол во Старбакс и им понудил на сите кафе, доколку ја сослушаат неговата идеја и му дадат критики, што го сториле 20 луѓе.



Понесен од првиот успех, почнал да се вклучува во старт-апи во Силиконската долина, а на 15 години се преселил во Сан Франциско.

Ерик Финман сега има 403 биткоини, кои моментално вредат 2.700 долари секој поединечно, што е вкупно 1.090.000 долари, како и некои помали влогови во други криптовалути. Како што изјавил за NBC, моментално работи на повеќе проекти, вклучувајќи и лансирање на ракети за НАСА. И понатаму не жали затоа што не отишол на Универзитет.

„Никому не би му го советувал Универзитетот, со оглед на тоа како е моментално поставен образовниот систем, кој не работи за никого. Би го препорачал интернетот кој е бесплатен и овозможува многу повеќе“, рекол Ерик.

No comments

Powered by Blogger.