Затекнал предозиран пар во автомобил и ги пренесувал во живо на Фејсбук

Пишува: Точка

Од 21. јуни досега, видеото било прегледано вкупно 12 милиони пати.

Две лица во Бостон забележале целосно онесвестен пар во автомобил, со шприц и игла кои лежеле во скутот на жената.

Еден од нив чукнал на прозорот на автомобилот и ја повлекол жената, додека мажот останал целосно неподвижен.

Веднаш било јасно дека двајцата се предозирани, а целиот инцидент бил снимен и пренесуван во живо на Фејсбук.

Од 21. јуни досега, видеото било прегледано вкупно 12 милиони пати.

Кога видела дека мажот, идентификуван како Ден, не се помрднува, жената се исплашила и се обидела да го оживее на сите можни начини, но безуспешно.

Набрзо пристигнала и полиција, која заклучила дека Ден се предозирал и дека не можат да го разбудат и покрај неколкуте инекции за освестување.

No comments

Powered by Blogger.