Катар им предложил контрамерки на арапските земји: Ако сакате да ви ги исполниме барањата, прво вие направете го ова

Пишува: Точка

Катар на соседите со кои е во спор им предложил да го намалат нивото на дипломатски односи со Иран, и да ја затворат медиумската куќа "Al Arabia" со седиште во ОАЕ, пренесува "Itar Tass".

Тоа се некои од деталите на катарскиот одговор на ултиматумот на Саудиска Арабија, Бахреин, ОАЕ и Египет, кои денеска ги објавиле катарските медиуми.

Според наводите на медиумите, Катар не е единствена арапска земја која одржува односи со Иран, и бара од соседите да постапат по сопственото барање и да го намалат нивото на дипломатско претставување во Техеран.



Катар, според тие наводи, ја отфрлил можноста за затворање на турската воена база и тоа го образложил со тоа дека актите на Советот за заливска соработка не забранува таков вид на соработка со други земји.

На барањето за гасење на "Al Jazeera", Катар им предложил на соседите да постапат реципрочно и да ги затворат телевизиите како "Al Arabia" и "Al Hadat", двете во ОАЕ.



Тие поединости од катарскиот договор се појавиле во време на состанокот на министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Бахреин, ОАЕ и Египет, кои одлучуваат за понатамошните чекори во однос на Катар.

Четирите арапски земји на почетокот на јуни ги прекинале дипломатските односи со Катар и му вовеле санкции поради наводна поддршка на екстремисти поврзани со Иран.

No comments

Powered by Blogger.