Бел бамбус за пиење, тепих со животински принт: Кои се најлудите барања на ѕвездите пред настап?

Ѕвездите кои треба некаде да настапат обично бараат од организаторите нешто за пиење и за јадење пред и по концертот.



Но, големите музички ѕвезди имаат цела листа на работи кои им се неопходни зад сцената и во хотелот каде престојуваат. Некои услови се во границата на нормалното, а некои се толку чудни, што тешко е да се поверува дека токму тоа им е неопходно за добар концерт. Прочитајте повеќе во продолжение:

Ед Ширан

Ед е еден од најскромните пејачи. Секогаш бара манука мед – најздравиот мед на светот со потекло од Нов Зеланд. Освен мед за грлото, Ед сака и Coca-Cola и овошен сок.


Кети Пери

Поп ѕвездата обожува суво овошје, сушен кинески грав и смрзнати јагоди. Зад сцената мора да има Спрајт, шише вино, бел бамбус и салса сос со пита лепче. Интересно, нема што.


Канје Вест

Листата на ексцентричниот Канје не е толку бизарна колку што мислевме. Јогурт, ф’стаци, гуми за џвакање, виски, вотка и гајба пиво. Канје сака да има и балсам за усни и стол за бричење за кој не сме сигурни зошто му треба.


Фу Фајтерс

Веројатно една од најдолгите листи со барања, но од сé наведено, рокерите бараат само по едно парче: кокосова вода, Швепс, свеж сок од портокал, диетална Coca-Cola, сок од брусница, Ред Бул, зрна кафе од Старбакс, темно чоколадо, авокадо, банана, енергетски плочки и бел леб.


Адел

Адел не јаде цитрусни овошја и не сака да ги има во близина, па тоа посебно го нагласува во нејзините барања. Сака посебно спакуван сендвич со пилешко, но никако со домати. Задолжителни на листата се шише црвено вино, кутија цигари и запалка и прибор за правење чај: електрично ѓезве, големи лажици и мали лажички.


Ријана

Како што претпоставуваме, Ријана е вистинска дива во секој поглед. Пејачката сака „опуштено осветлување“ во просторот и апарат за собирање влага од воздухот. Сите шкафчиња треба да бидат покриени со бел материјал, а во собата треба да има и црн или темносин материјал. Задолжителен е тепих со животински принт, шест свеќи со посебен мирис, и четири мали стаклени вази со бели лалиња.

No comments

Powered by Blogger.