Природни средства за побрзо потемнување на кожата

Оние кои сакаат летово да го забрзаат процесот на потемнување на кожата, имаат неколку опции како да го направат тоа на потполно природен начин.



Треба да имате на ум дека овие средства во себе не содржат заштитен фактор, па треба внимателно да се изложувате на сонце.

Препорачливо е да ги нанесувате рано наутро и попладне по 18 часот кога сонцето не е толку силно, а во меѓувреме да се заштитите со соодветен фактор.

Маслиново масло

Во 100ml маслиново масло ставете 1 капка раствор од јод и свеж сок од 1 морков. Мешавината мешајте ја пред секоја употреба.

Средство со ореви и моркови

Изрендајте 1 морков, ставете неколку истолчени ореви со лушпа (одлично бибило ако најдете зелени ореви) и полијте со 200ml маслиново масло. Оставете ја мешавината во тегла, добро затворена, околу 2 недели. Мачкајте пред и по сончање.

Маст од невен

Природната маст од невен содржи заштитен фактор 4, дополнително го забрзува потемнувањето, а и ја одржува кожата здрава и еластична.

Масло од авокадо

Им се препорачува на оние со суво кожа, бидејќи спречува бори и проблеми со пигментацијата.

Путер од какао

Путерот од какао може да го купите од био аптеките и поголемите супермаркети. Нанесете го на кожата пред и по сончањето.

No comments

Powered by Blogger.