Азиски крап пронајден во водите на Чикаго, успеал да помине низ сите електрични бариери

ПИШУВА: ТОЧКА

Жив азиски крап е пронајден во водите на Чикаго, на околу 15 километри од езерото Мичиген, кој некако успеал да помине низ сите електрични бароери поставени за спречување на инвазија на крап од делтата на Мисисипи на Големите езера.

Сребрениот крап е еден од четирите азиски видови на крап кои претставуваат закана, доколку во голем број се најдат во "Големите езера", според зборовите на експертите, да се натпреваруваат со тамошните локални видови, да го нарушат ланецот на исхрана и да ја уништат рибарската индустрија во овој регион која вреди седум милијарди долари.



Американските оицијални лица изјавија за Associated Press дека рибари уловиле сребрен крап во реката Калумет, од другата страна на електричните бариери, поставени 60 километри југозападно од Чикаго.

Ова е втор пат жив азиски крап да биде забележан од другата страна на браната. Првиот пат кога беше откриен азиски крап од другата страна тоа беше во 2010-та година во езерото Калумет.



Рибата била долга 71 сантиметар, а тежела околу 3,5 килограми.


No comments

Powered by Blogger.