Пет работи кои интелигентните луѓе никогаш не ги прават

ПИШУВA: ТОЧКА

Постојат различни видови на интелигенција, но високо интелигентните луѓе обично е многу лесно да се идентификуваат - токму поради тоа што тие никогаш не ги прават овие пет работи.

Не ги обвинуваат другите за своите неуспеси

Интелигентните луѓе професорот никогаш не ги "бутка" на испит само затоа што "ги мрази" или "не бил расположен". Шефот никогаш нема "нешто против нив бидејќи им е љубоморен", а за љубовните неуспеси никогаш не ги сите други освен себе. Интелигентни луѓе знаат дека причината за неуспех мораат да ја побараат во своите одлуки и однесување и тоа го користат за да научат нешто ново.






Знаат дека не се секогаш во право

Со интелигентните луѓе може да се расправате со аргументи, тие не сакаат да го слушаат само својот глас, туку се обидуваат да ги разберат мислењата и ставовите и на другите. Имаат отворен ум и лесно ќе го променат мислењето доколку сфатат дека ги немаат сите издржани аргументи.

Не се агресивни

Кога ќе се појави проблем, интелигентните луѓе не започнуваат да вриштат и не тргаат ко физичко решавање на конфликтот. Тие можат да реагираат смирено и да пронајдат решение на мирен начин со дискусија и аргумент.

Имаат разбирање за другите

Интелигентните луѓе ги краси сочувство кон другите. Тие се пресреќни кога им помагаат на другите, дури и тогаш кога другиот не го бара тоа од нив. Емпатични се и многу им е лесно да се поисоветуваат со другите луѓе и нивните проблеми, се ставаат во нивна кожа, ги сослушуваат и колку и да изгледа несфатливо се обидуваат да ги разберат - се прашуваат зошто луѓето размислуваат, реагираат или се однесуваат токму така..






Не мислат дека се подобри од другите

Интелигентните луѓе никогаш не мислат дека се над сите. Напротив, тие од се срце ќе им помогнат на другите да ги остварат своите цели и ќе ги убедат да веруваат во себе, докажувајќи им дека можат да успеат. Интелигентните луѓе никогаш не прават да ви биде непријатно во нивно друштво. Ретко зборуваат негативно за другите и ретко ги критикуваат туѓите животни одлуки, пренесува Business Insider по податоците од најновото истражување.






Се пронајдовте?

No comments

Powered by Blogger.