На банкомат во Загреб нашла порака која ќе ви ја врати верата во луѓето

Пишува: Точка

Дека сѐ уште постојат чесни луѓе сведочи оваа фотографија од банкомат во Загреб, Бузин.

Една жена од Загреб во групата "Зошто го сакам Загреб" (/Zakaj volim Zagreb) на социјалната мрежа Фејсбук објавила фотографија од една необична сцена која ја дочекала на банкоматот, а која сведочи дека меѓу нас сѐ уште има чесни луѓе - луѓе за пример.

Човекот кој бил пред неа на банкоматот нашол пари кои некој ги заборавил откако ги извадил. Наместо едноставно да ги стави во џеб и да си замине - како што би направиле многумина алчни луѓе, тој напишал белешка и го оставил бројот на својот мобилен телефон.

Овој потег е навистина за пофалба. Никогаш не можеме да знаеме за што му се потребни парите на човекот кој ги изгубил, но едно сигурно знаеме - не би сакале да се најдеме во негова кожа. Нема подобро чувство од тоа да знаеш дека си му помогнал на некој и си направил добро дело. Можеби, сепак, подобро е чувството некој да ви ги врати вашите пари откако сте ги изгубиле.
Вие како би постапиле?

No comments

Powered by Blogger.