Ја нарекуваат жива кукла: Поради неверојатната специфична убавина, неверојатно е дека е реална

ПИШУВА: ТОЧКА

Благодарение на својот изглед, манекенката Даки Тот стана вистинска интернет сензација.

Многу жени денес со помош на естетската хирургија се обидуваат да постигнат убавина како Ким Кардашијан, Анџелина Џоли, Иванка Трамп, но и Барби, што беше случај повеќе пати досега.



Сепак, постојат и дами кои природата ги наградила со неверојатна убавина, а една од нив е и австралиско – суданската манекенка Даки Тот.

Исклучително висока и со специфични црти на лицето, оваа убавица неверојатно потсетува на куклата која сите ја обожувавме во детството.



Таа се здобила со слава кога се појавила на едно натпреварување за модели, а овие денови се најде во медиумите благодарение на фотографијата која ја објави на интернет, а на која изгледа идентично како Барби.



По објавувањето на фотографијата на Твитер, корисниците на оваа социјална мрежа почнале да и` оставаат коментари на неверување. „Мислев дека е кукла“, „Не ми се верува дека е реална додека не ја видам во живо“, „Дали си ти човек?“, гласат само некои од нив.



Убавата манекенка веќе е навикната на вакви коментари и истакнува дека не и` пречат и дека често знае да се пошегува на сопствена сметка.


No comments

Powered by Blogger.