Ким повеќе не се шегува: Северна Кореја лансирала ракета на територија на Јапонија

Пишува: Точка

Северна Кореја лансирала балистичка реакета од непосредната граница со Кина, која паднала во море, во ексклузивната економска зона на Јапонија.

Северна Кореја тврди дека прв пат била лансирана интерконтинентална ракета.



Според наводите на Јужна Кореја, проектилот бил лансиран во околу 10 часот наутро по локално време, и летал околу 930 километри.



Војската на САД соопштила дека го следела проектилот 37 минути пред да падне во Јапонското море.

Американски Пентагон соопштил дека станува збор за ракета со среден дострел и дека летала необично долго, 40 минути, додека војската на Јужна Кореја навела дека ракетата минала 930 километри. Ракетата паднала во море на 200 наутички милји од јапонскиот брег, навела јапонската војска.



"Северна Кореја лансирала уште една ракета и покрај повторените предупредувања од меѓународната заедница", рекол јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој оценил дека со таа проба заканата е зголемена. 



Абе додал дека на маргините на самитот на G20 кон крајот на неделата во Хамбург, ќе биде одржан состанок меѓу службеници на САД, Јужна Кореја и Јапонија.



Јапонскиот премиер ги повикал претседателите на Кина и Русија, Кси Џинпинг и Владимир Путин, да преземат дополнителни мерки против заканата наречена Северна Кореја.



Американските безбедносни служби исто така го евидентирале лансирањето, а се огласил и претседателот Доналд Трамп.

"Северна Кореја повторно лансираше ракета. Зарем овој тип нема нешто попаметно да прави? Не верувам дека Јапонија и Јужна Кореја ќе го трпат ова уште долго. Можеби Кина треба да го "згазне" Ким и конечно да прекине со овие глупости", напишал американскиот претседател на социјалните мрежи.




Пробата била изведена на ден кога во САД се обележува националниот празник Ден на независноста, и неколку дена по состанокот меѓу Доналд Трамп и неговиот јужнокорејски колега, Мун Џае Ин.

No comments

Powered by Blogger.