Го испратила синот на туширање, го нашла облиен во крв - сега ги предупредува сите родители да обрнат внимание на овој детал во тоалетот

Пишува: Точка

"Го слушнав неговиот врисок и истрчав за да го најдам покриен со срчи како лежи на подот облиен во крв", раскажува мајката.

Едно најобично туширање за малку не заврши кобно. Меган Тилбури од Перт го испратила својот четиригодишен син, Круз, да се истушира пред легнување додека таа да му ја намести постелнината на креветот. Одеднаш слушнала кршење на стакло и детски крик.

"Го слушнав неговиот врисок и истрчав за да го најдам покриен со срчи како лежи на подот облиен во крв", раскажува мајката за медиумите.



Детето било префрлено во болница и завршило со тешки повреди но за среќа не биле опасни по неговиот живот. Тој добил лацерации (за кои ќе бидат потребни интервенции од пластичен хирург) на двете раце, на неговата глава, градите и оштетување на мускулите на раката - пластичниот хирург бил среќен што момчето поминало само со ова и нема никакви оштетувања на очите.

"Тој не го ни допрел стаклото од туш кабината. Тоа експлодирало само од себе", вели мајката и додава дека тоалетот го реновирале пред околу 18 месеци.



Интересно е тоа што истиот мајстор кој ја наместил туш кабината, ја наместил и стаклената ограда во нивниот двор околу базенот која исто така експлодирала претходно.

Читајќи за случајот, многу мајстори ѝ се јавиле на мајката сакајќи да ѝ помогнат, а токму тие објасниле и што се случило. Како што тврдат, мајсторот кој ја поставил туш кабината не ставил подупирачи помеѓу стаклото и плочките - и тоа завршило катастрофално.

No comments

Powered by Blogger.