Грците пукале на турски брод: Зовриена ситуација во Егејско море, Турците бесни

Пишува: Точка

Грчката крајбрежна стража отворила оган на турски товарен брод во Егејското море.

Како што објавила турската телевизија "NTV", бродот бил обележан со турско знаме.

Како што пренесува турски Hurryet, на местото на инцидентот пристигнале и два брода од турската крајбрежна стража. Грците пукале во знак на предупредување, а на турскиот брод биле забележани 36 дупки од куршуми.



Бродот бил натоварен во турското пристаниште Искандерун и се движел кон Измирскиот залив во Мраморното море.

Турција силно ја осудила постапката на грчката крајбрежна стража, оценувајќи дека тоа е несразмерен акт со кој е занемарено најосновното право на живот.


"Нема оправдување за пукањето на невооружен комерцијален брод, кој пренесувал тежок товар меѓу две турски пристаништа. Нашата единствена утеха е што нема жртви и повредени", се наведува во соопштението од турското Министерство за надворешни работи, пренесува Reuters.

Капетанот на товарниот брод, Сами Калкаван, рекол денес дека грчката крајбрежна стража отворила оган на неговиот брод откако тој одбил да ја послуша наредбата да застане на пристаниште во Егејското море.



"Крајбрежната стража бараше од бродот итно да се закотви на пристаништето Родос и ние тоа не го прифатиме. Тие сакаа да го проверат бродот, а ние тоа не го прифативме. Тие рекоа дека ќе пукаат доколку не застанеме, и направија што ни рекоа", вели Калкаван, кон не објаснил зошто не сакал бродот да биде прегледан.

No comments

Powered by Blogger.