"Еј луѓе, полека, полека..." Корејските новинари влетале во Овалната соба, Трамп бесен

Пишува: Точка

Јужнокорејските новинари во текот на протоколарното фотографирање на состанокот на претседателите на САД и Јужна Кореја за малку ќе собореле ламба на главата на Доналд Трамп, бидејќи се обидувале да заземат најдобро место за фотографирање.

Службата за безбедност на Белата куќа успеала на време да ја фати ламбата која стоела на столот лево од Трамп и "го спасила" американскиот претседател.

"Еј, луѓе, полека, полека. Станувате се полоши", им рекол Трамп на новинарите.

По неколку секунди некој од групата ја превртел масата на која стоела ламбата. Припадниците на Службите за безбедност ја вратиле на место и ги повикале новинарите да фотографираат според правилата, потсетувајќи ги дека се наоѓаат во Овалниот кабинет.

"Тоа се инаку многу пријателски новинари, иако за малку ќе ја загубевме масата", додал Трамп, обраќајќи му се на претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин.

Американскиот претседател вчера разговарал со јужнокорејскиот колега за Северна Кореја и трговијата.

No comments

Powered by Blogger.