Двегодишната ќерка на актерскиот пар зборува три јазици



Двегодишната ќерка на актерскиот пар Ештон Качер и Мила Кунис е вистинска генијалка. Имено, гордиот татко се пофалил дека неговото девојче веќе зборува три јазици.

Актерот Ештон Качер е неверојатно горд на својата двегодишна ќерка Вајат Изабел, за која вели дека разбира и може да зборува на руски, шпански и англиски јазик.

“Овој факт не го знаев до неодамна, но наводно девојчињата напредуваат побрзо отколку момчињата”, изјавил Качер во емисијата на Џими Фалон, “The Tonight Show”.

Eштон исто така признал дека е подобар син откако станал татко.

“Штом добив деца, им кажав на моите родители бидејќи немав поим колку тие ме сакаат. Ваквата прослава се случува секој ден кога ќе ја отворам вратата, секој ден кога влегувам во нивната соба и ги гледам наутро, секој ден кога ќе споделиме некоја мала тајна или проследуваме мали пораки меѓусебно. Улогата на татко е подарок сам по себе”.


Освен двегодишната ќерка Вајат Изабел, парот има и шестмесечен син Димитри Портвуд за кој Ештон вели дека, за разлика од ќерката, звучи како птеродактил.

“Димитри создава само врева. Кога Вајат имаше четири меесеци, веќе ме нарекуваше “тато”. А од синот добивам само: “БААХХ””, се пошегувал актерот и кажал дека се чувствува пресреќен бидејќи е татко.

“Јас создадов уште еден човек, тој е мојот втор изум. Тоа е неверојатно”, вели Ештон.

No comments

Powered by Blogger.