Девојка од БиХ одела од продавница до продавница и плаќала туѓи долгови

ПИШУВА: ТОЧКА

Непозната девојка посетила неколку продавници во Висока општина во БиХ и ги платила сите долгови на купувачите, кои изнесувале неколку илјади евра, без да каже ни збор за тоа кој е донатор, пишува "Al Jazeera".

Селма Ковач, вработена во мала продавница во Арнаутовиќи покрај Висока, била премногу изненадена кога во продавницата влегла непозната девојка со специфично барање.



"Благо, со тивок глас ме праша дали даваме роба на вересија, дали имаме должници." На моето зачудено "да", одговори дека сака да ги исчисти сите долгови до моментот на нејзиното влегување во продавницата. Јас во шок. Се прашувам дали тоа се оние добри луѓе за кои само сме слушнале дека постојат, но не се среќаваат. Сите чувства ми беа помешани", го опишала своето чудење Селма и додала дека станувало збор за сума од околу 2.500 евра.



"Кога на луѓето им кажував дека повеќе не должат ништо, сите ме гледаа чудно. Имаше солзи и прегратки од кои ми се кршеше срцето. Нека ова биде огледало дека секогаш треба да се прават добри дела", додала Селма.



Нејзината приказна за мистериозното девојче "кое ги платило долговите" ја потврдиле уште неколку сопственици на продавници во тој регион, пишува Al Jazeera.


No comments

Powered by Blogger.