Кризата во заливот до точка на вриење: Катарскиот министер: Не можеме да ги исполниме барањата на арапските држави

Пишува: Точка

Катарскиот министер за надворешни работи, шеик Мохамед бин Абудлрахман ал-Тани, денес изјавил дека е невозможно да се исполнат барањата на арапските земји во време на дипломатска криза во заливот, во момент кога се приближува рокот кој и е даден на таа земја да одговори.

Ал Тани на конференцијата за новинари во Доха рекол дека листата од барања на земјите кои го изолирале Катар е "нереална и неизводлива".

"Не станува збор за тероризам, се зборува за укинување на слободата на говорот", рекол шефот на катарската дипломатија, откако разговарал со германскиот колега Зигмар Габриел, пренесува AFP.



Тој додал дека одговорот на неговата земја на барањата на арапските земји, кој е предаден на посредникот од Кувајт, е даден во контекст на почитување на државниот суверенитет, нагласувајќи дека Доха покажала добра волја и иницијатива.

Ал Тани санкциите воведени на Катар ги нарекол илегални и им порачал на ОАЕ да престанат да ја загрозуваат репутацијата на Катар, пренесува Reuters.

Тој навел дека Доха бара решение на кризата на основа на дијалог.



"Катар усвои многу конструктивен став од почетокот на кризата. Се обидуваме да постапиме зрело и да разговараме за таа работа", рекол тој.

Катар завчера одговорил на листата барања на Саудиска Арабија и нејзините сојузници, откако овие земји прифатиле на властите во Доха да им дадат уште 48 часа да одговорат на барањата.



AFP наведува дека не е познато што стои во одговорот, но неименуван заливски службеник рекол министерот за надворешни работи, Шеик Мохамед бин Абдулрахман ал Тани предал одговор за време на краткотрајната посета на Кувајт, посредник во оваа криза.

Групата арапски земји го продолжила крајниот рок до вечер на полноќ.

No comments

Powered by Blogger.