Никогаш полесно до работа во Германија: Овие професии се бараат најмногу, погледнете дали е вашата меѓу нив

Пишува: Точка

Германија е подготвена за нов бран гастербајтери, а невработеноста во оваа земја е најниско ниво во последните неколку децении.

Моментално во Германија никогаш помалку луѓе не биле без работа, а голема е побарувачката на квалификувана работна сила од странство. Листата од дефицитарни професии секој ден расте повеќе и повеќе, а најмногу се бара медицински персонал, како медицински сестри. Но, работа во краток период ќе пронајдат и информатичари, инженери и математичари.

Германија е подготвена за нов бран гастербајтери, а невработеноста во оваа земја е на најниско ниво во последните неколку децении.



Покрај инженери, математичари и информатичари, кои во Германија веќе подолго време лесно наоѓаат работа, германскиот пазар е во константен дифицит од медицински персонал, при што посебно се бараат медицински сестри и негувателки. Мнгоу добри шанси за пронаоѓање на работа имаат и занаетчии.

До работа во Германија се доаѓа релативно лесно. Главните услови, покрај стручното образование, се работното искуство и подготвеноста за работа. Предност при вработување имаат кандидати кои знаат германски, но и оние кои се мотивирани да го научат.



Поради недостиг на квалификувана работна сила, Германија годишно губи милијарди евра, па германската влада нуди низа погодности за квалитетна и високообразована работна сила од странство.

No comments

Powered by Blogger.