Каква тајна кријат фотографиите на роверот на НАСА: Откриени се фосили на Марсовци?

Пишува: Точка

Ловците на НЛО тврдат дека после деталните прегледи на фотографиите кои што ги направи роверот на НАСА - "Curiosity", откриле коски кои што најверојатно им припаѓале на Марсовци.

Роверот на НАСА ја истражува површината на Марс од 2009-та година и досега од Црвената планета се испратени огромен број на фотографии и видео снимки. Ловците на НЛО од групата "Martian Archaeology" тврдат дека на две фотографии објавени од НАСА, јасно можат да се видат фосили.

На една според нив се наоѓа „бутна коска“ која што може да се види на површината, а на втората фотографија исто така се гледа објект кој што наликува на коска од колк.





Групата исто така објави и видео со уште неколку фотографии направени од роверот на НАСА на кои што тврдат дека се гледаат објекти и траги кои што докажуваат дека на Црвената планета некогаш имало живот.
Минатата седмица роверот на НАСА фотографираше мистериозна округла формација од карпи која што подигна прашина кај теоретичарите на заговор. Многумина тврдеа дека карпите намерно се така „уредени“, но експертите ги отфрлаат тие теории, тврдејќи дека најверојатно станува збор за резултат од природни геолошки феномени какви што има и на Земјата.

No comments

Powered by Blogger.