Места во светот каде луѓето живеат најдолго: Кои се нивните тајни?

Живот без стрес, едноставност, многу овошје, зеленчук, риба и активен животен стил се дел од тајните на луѓето од земјите со најдолг животен век во светот.



Прочитајте кои се главните навики на локалните жители за одржување на добро здравје и виталност.

Кина

Просечниот животен век во Кина е 84 години. Меѓу другото, како еликсир за долгиот живот на Кинезите се вбројуваат пиењето чај, јадењето варена храна и практикување таи-чи.

Јапонија

На второ место во моментов се жителите на Јапонија. Според статистиките, Јапонците во просек живеат 83,7 години. Слично како Кинезите, Јапонците практикуваат разни боречки вештини за да го одржат телото активно и се хранат со многу зеленчук.


Италија

Познато е дека Италијанците се едни од најздравите луѓе во светот. Сардинија е местото каде што луѓето живеат најдолго. Ова се припишува на физичката активност поради карпестите предели на овој остров, како и фактот што жителите овде уживаат да пијат по една чаша црвено вино на ден за време на честите собири со пријателите, придружени со многу смеење.

Шпанија

Шпанија е позната по „медитеранската диета“ која се базира на риба, свежи намирници и маслиново масло и за која многумина веруваат дека е тајната на долговечноста. Со живот во просек 83,1 година, Шпанците се весел народ кој сака да излегува и да ужива во долги прошетки.

Швајцарија

Швајцарија е богата земја која има добро развиен и пристапен здравствен систем, како и многу планини и ридести предели со чист воздух за жителите. Ова се двете главни причини за долгиот животен век на Швајцарците.


Австралија

Австралија во последниве години забележува голем пораст во долговечноста на жителите. Ова се должи на подобрувањето на здравството, ниската стапка на пушачи и активниот животен стил.

Костарика

Во некои делови на Костарика воопшто не е невообичаено да видите витален 100-годишен старец. Тука луѓето најмногу се занимаваат со сточарство и јадат главно храна која сами ја произвеле. Животот во Костарика е релативно мирен, со многу плажи и места за одмор.

No comments

Powered by Blogger.