Потоп од библиски размери: Невидена олуја ја парализирала Хрватска, на брегот метеоролошко цунами

Пишува: Точка

Големото невреме, кое во вчера на пладне направило хаос во внатрешноста на Хрватска, во предвечерието удрило на поголем дел од Јадранот. Вистински метеж на брегот и островите направиле и обилните дождови проследени од силен ветер.

Како што пушува Jutarnji.hr, Црес во околу 22:20 бил погоден од дожд од "библиски размери", а морето го носеле многу силни ветрови и буквално се прелевало на брегот. Центарот на градот Црес бил целосно поплавен, а бројни туристи останале заробени во кафулињата.
"Одев по улица кога почна да врне. Прво грмотевици, а потоа наеднаш олуја", рекол еден сведок.
Нешто порано, невреме имало во јужните делови на Хрватска. Во стариот град на Хвар во период од 18 до 19 часот морето неколку пати ги поплавило пониските делови од брегот. Во еден момент морето било околу 15 сантиметри над кејот, појава која експертите ја нарекуваат метеоролошко цунами.
Во вечерните часови дождовна олуја ја зафатила и Истра и направила голема штета. Во Умаг невремето скршило еден очак, а направило и проблеми на патот меѓу Умаг и Дајле.

No comments

Powered by Blogger.