Го паметите ли монструозното злосторство од берлинското метро кое го обиколи светот? Еве каква казна доби Бугаринот

Пишува: Точка

Светослав С., кој на подземната железница во Берлин турнал жена по скалите, е осуден на затворска казна.

Бугаринот поради нечовечкиот чин бил осуден на 2 години и 11 месеци затвор. 

Потсетуваме, неговото дело било фатено на камера, и го обиколило светот. 

Несреќната 26-годишна жена во тој брутален напад ја скршила раката и претрпела уште неколку полесни повреди. 

Светослав, откако неговата снимка го обиколила светот, побегнал во Франција, но се вратил во Германија пред Божиќ, па бил уапсен на автобуската станица кога влегол во земјата.

No comments

Powered by Blogger.