Кристијано Роналдо со Фејсбук статус потврди дека станал татко на близнаци од сурогат мајка

Кристијано Роналдо официјално е татко на близнаци. Веста беше потврдена откако го откажа присуството на Купoт на Конфедерации.



32-годишната фудбалска ѕвезда по вторпат стана татко, повторно од непозната сурогат мајка.

Децата се родени во САД и досега биле посетени од мајката на Роналдо.



Роналдо официјално објави дека порано ќе го напушти Купот на Конфедерации во Русија, за првпат да биде со своите дечиња.



„Му служев на националниот тим, како и секогаш, со тело и со душа, дури и кога моите два сина беа родени.“


No comments

Powered by Blogger.