Професорка за смртта на студентот вратен од Северна Кореја: "Го доби тоа што го заслужи"

ПИШУВА: ТОЧКА

Професорка на универзитетот Далавер пред пет дена на Фејсбук објавила коментар за смртта на Ото Вармбир, студентот кој починал откако бил вратен од заробеништво во Северна Кореја.

62-годишната Кетрин Детвајлер, професорка по антропологија на универзитетот Далавер, предизвикала бес и згрозување во јавноста во својата објава, во која навела дека Вармбир бил неук белец кој го добил токму тоа што го заслужил.




"Го гледам како плаче и си мислам - Што очекуваше?"

"Дали сум виновна ако мислам дека Ото Вармбир го доби тоа што го заслужи? Отишол во Северна Кореја, а таму се однесувал како размазен, наивен, арогантен американски студент, кој никогаш не морал да сноси последици од своето однесување", напишала Датвајлер.

"Го гледам на судењето на како плаче и мислам - "Што очекуваше?". А малку да размисли за останатите луѓе во Северна Кореја кои патат поради тамошната власт? Зарем само затоа што се граѓани на Северна Кореја, а не на САД, не би требало да се грижиме за нив?", додала професорката.



За се ги обвинила неговите родители

Претходно исто така напишала дека Вармбир има "став типичен за млади, бели, богати и неуки мажи" кои доаѓаат во нејзините училници. Додала дека ги обвинува неговите родители, "бидејќи го одгледале да верува дека може да се извлече од последиците на своето однесување".

Овие изјави предизвикале бес и згрозување кај американската јавност. Универзитетот ја отпуштил Детвајлер и изјавил дека "повеќе нема да биде вработена", а објавите на нејзиниот профил биле избришани.

No comments

Powered by Blogger.