ИСИС го заробила, а потоа станал нејзин војник: Сега порачува дека за Европа доаѓаат крвави денови

Пишува: Точка

Сириските сили го ослободиле за време на борбите во Рака, а тој по ослободување дал интервју во кое најавил крвави денови во Европа.

Арсем е припадник на Јазидите, народ кој исламистите посебно го прогонувале претходните години. Војниците на ИСИС го заробиле и го претвориле во свој соборец со ракетен фрлач.

Сириските сили го ослободиле во текот на борбите за Рака, а тој по ослободувањето дал интервју за ITV News, во кое најавил крвави денови во Европа.



"Исламистите праќаат деца преку Турција во Европа, да изведуваат терористички напади. На еден му рекоа: "Не грижи се. Подготвуваме голем, голем напад на Европа. ИСИС работи на тоа", открил Арсем.

Тој раскажал дека ИСИС од децата прави воени машини и бомбаши самоубијци, така што со месеци секојдневно ги пере нивните мозоци, пишува Independent.



"Секој ден ни пуштаа нови снимки од самоубиствени напади и ни велеа: "Погледнете што направи овој брат. Него сега во рајот го чекаат 70 девици и реки од вино"", рекол Арсем.

No comments

Powered by Blogger.