Ја видовте љубовницата, сега погледнете ја неговата сопруга!

ПИШУВА: ТОЧКА

Атрактивниот затвореник кој стана модел го видовме на јахта со љубовницата, но што е со неговата сопруга Мелиса? Таа е затрупана со пораки на поддршка и совети како да му земе сѐ што има.

Само неколку часа откако се појавија папараци фотографиите од секси гангстерот Џереми Микс на приватна јахта на милионерката Клои Грин кои го обиколија светот, неговата законска сопруга непрестано примала огромен број на совети "што да му направи" ...



"Тој не те почитува, но држи се. Од инат остани во брак со него и земи му сѐ што ќе заработи" - е само еден од советите кои ги добива Мелиса Микс на Инстаграм.

 

Речиси сите фотографии на нејзиниот Инстаграм профил се преплавени со коментари за поддршка - "Тој ќе лази назад на коленици кон тебе", "Таа е грда, девојко мораш да останеш силна. Покажи му што губи!", "Ти си многу поубава од таа глувчица, ќе сфати и сам", "Господ да те благослови и тебе и твоите деца. Не можам да поверувам што ти направи сопругот", "Држи ја главата горе високо!", "Wow, каков сељак сопруг ...", "Идиот, нека се моли дека децата ќе му простат", "Одличен пример им дава на своите деца. Неколку минути слава и одма му удри во глава" .. коментарите не запираат. Очигледно жените ширум светот многу му се бесни на Џереми за овој потег, па моментално и не би можеле да кажеме дека баш е "најпосакуван" меѓу женската популација.Сепак делата и карактерот секогаш ја надминуваат физичката убавина.









Џереми Микс пак ги избришал фотографиите од својата сопруга на социјалните мрежи па го гледавме како страсно се бакнува со Клои Грин, ќерката на милијардерот Сер Филип Грин, сопственикот на "Топшоп" ...

No comments

Powered by Blogger.