Кои се десетте најскапи и најевтини градови во светот?

Најновото истражување на Mercer ги открива најскапите и најевтините градови во светот. Во фокусот на истражувањето биле трошоците за храна, сместување, јавен превоз, облека и рекреативни активности.



За најскап град се смета Луанда, главниот град на Ангола. По него следуваат Хонг Конг, Токио и Цирих.

Така, во една споредба за цената на хамбургер, во Луанда треба да одвоите 13 евра, додека во Лондон 5 евра. Ангола е еден од најголемите извозници на нафта и затоа во оваа земја е зголемен бројот на вработени во меѓународни компании.

За најевтини градови, според трошоците за живот се Тунис, Бишкек и Скопје.

Најскапи градови:


1. Луанда

2. Хонг Конг

3. Токио

4. Цирих

5. Сингапур

6. Сеул

7. Женева

8. Шангај

9. Њујорк

10. Берн

Најевтини градови:


200. Минск

201. Карачи

202. Сараево

203. Монтереј

204. Тбилиси

205. Блантајр

206. Виндхук

207. Скопје

208. Бишкек

209. Тунис

No comments

Powered by Blogger.