Хорор во Белград: Со камен ѝ ја згмечил главата на сопругата пред трите деца, па се фрлил под воз

Пишува: Точка

39-годишната Олга Ловриќ била убиена од поранешниот сопруг со удари во главата, пред очите на трите малолетни деца, кои требало да ги види во присуство на социјален работник.

47-годишниот Милан Ловриќ од Белград, кој е осомничен дека вчера во 15:30 часот извршил тешко убиство на 39-годишната сопруга Олга Ловриќ во холот на зградата на Центарот за социјална работа на Нов Белград, побегнал од местото на злосторството и отишол кон Тошин бунар, каде потоа скокнал под воз.

Како што пишува "Kurir.rs", Ловриќ, инаку инструктор за возење, вчера дошол во просториите на Центарот за да ги види своите три деца од 10, 8 и 3 години, кои Олга ги довела со џип.



Меѓутоа, кратко откако се состанале, почнала драма, која завршила со страшно злосторство. Ловриќ, како што се претпоставува, со камен ја удирал жената по глава пред очи на преплашените деца, кои се обидувале да го спречат, молејќи го да престане.

"Дојдов во Центарот за социјална работа , за да ѝ помогнам на сосетката. Бев во канцеларијата со директорот кога слушнав извици: "Ќе те убијам". Мажот за кој се воспоставило дека ја убил жената мирно излегол надвор, како ништо да не се случило, и заминал. Изгледал ладнокрвно".



На несќрената жена ѝ била скршена главата, а бидејќи удирила во стаклото на вратата, веројатно во обид да побегне, имала и парчиња стакло во глава. Глетката беше страшна. Кратко даваше знаци на живот и почина пред доаѓањето на Итната помош, рекол за Kurir.rs еден очевидец.

Полицијата веднаш ја блокирала целата населба и започнала потрага по Ловриќ. На местото на злосторството пристигнал и братот на несреќната жена, Александар Игњатовиќ.



"Мојата сестра неколку пати во полиција пријавуваше семејно насилство. Милан два пати е осуден за насилство над жената и децата, поради што беше и во затвор. И ете, видовте што се случи. До кога во оваа земја ќе се толерира насилство над жените", рекол Игњатовиќ.

Според нашите сознанија, проблематичниот Ловриќ, меѓу другото, во затвор минал две години, бидејќи го тепал синот и го исфрлил од станот бидејќи добил четворки по англиски.



Олга често добивала смртни закани од поранешниот сопруг, поради што неколку пати пријавувала. Тие биле 10 години во брак, а откако се разделиле, тој смеел да ги гледа децата само во нејзино присуство и под задолжителен надзор на Центарот за социјална работа.

No comments

Powered by Blogger.