Свадбата на Меси, настан на годината во Аргентина

Родниот град Росарио е „теренот“ за свадбената свеченост на Лионел Меси со Антонела Рокузо, девојка што фудбалскиот волшебник од земјата на „гаучосите“ ја познава од детството.



Двајцата се во врска од 2008 година и досега ги имаат Тијаго (4) и Матео кој во септември ќе прослави втор роденден.



Меси во Росарио го почна фудбалскиот подем во дресот на Њуелс Олд Бојс.

Забавата ќе се одржи во казиното „City Center“ и според информации на локалните медиуми ќе биде надгледувана од обезбедување што ќе брои 200 члена под команда на поранешен армиски раководител во Аргентина.

Приватна фирма од Израел ќе се грижи за безбедноста на брачната двојка. Иако казиното се наоѓа во кварт злогласен по присуство на еден од најопасните нарко-картели во земјата, објектот ќе биде отворен за време на свадбената веселба.

На улиците на Росарио е најавено поставување на видеобимови на кои ќе се прикажуваат детали од забавата.

На свадбата на Меси ќе има околу 260 гости, а според пишувања на аргентинските медиуми акредитирани се и околу 150 новинари.

Меси на венчавката покани 21 колега со кои настапуваше за Барселона во минатата сезона. Присуство најави и неговиот долгогодишен соиграч Чави како и комплетниот тим на економисти, доктори и физиотерапевти на клубот од „Кам Ноу“. Меѓу оправданo отсутните ќе биде Андерс Иниеста, а непознато е дали во Розарио ќе се појави Жерар Пике чија невенчана сопруга, Шакира, неофицијално, не е во добри односи со Антонела.

На списокот на поканети Меси го изостави Луис Енрике и негови асистенти во стручниот штаб Хуан Карлос Унзуи, Роберто Морено, Рафел Пол и Жоаким Валдес. Истото се однесува и за управата на Барселона и членовите на управниот одбор како и за аргентинската легенда Диего Армандо Марадона.



Невестата ќе носи креација на шпанската дизајнерка Роза Клара, која облекува латиноамерикански ѕвезди како актерките Ева Лонгорија и Софија Вергара.

Менито на свадбената веселба содржи традиционални аргентински специјалитети, многу салати и неколку врсти на лебови. Гостите ќе може да уживаат и во храна од јапонската кујна, претежно суши.

Главна забавувачка ќе биде аргентинската пејачка Карина Техеда која е во врска со репрезентативниот колега на Меси, Серхио Агуеро. Заедно со неа ќе настапат и уругвајските бендови „Марама“ и „Ромбаи“.

Двојката соопшти дека не сака подароци, туку ги повика гостите да даваат хуманитарни донации во фондацијата на Меси.

No comments

Powered by Blogger.