Планирате одмор во Хрватска? На тамошното крајбрежје е уловена ајкула!

Пишува: Точка

На официјалната Facebook страница на островот Вир во Хрватска објавена е фотографија од морско куче уловено во задарскиот архипелаг.

Сепак, оваа информација не би требало да ве загрижува бидејќи се работи за безопасниот вид qualus acanthias којшто понекогаш навистина изгледа застрашувачки, со оглед на фактот дека достигнува должина од 1.7 метри.

И иако корисниците на друштвените мрежи го искритикувале рибарот којшто позирал со уловената риба, администраторите на страницата го напишале следново:

- Кој не би посакал да се пофали со таков улов? Секако, тоа е вид на морско куче, коешто не напаѓа луѓе туку живее во соживот со останатите риби во Јадранското море.



Тие и објасниле и дека нема никаква причина за страв бидејќи овој вид на ајкула е сосема безопасна за човечкиот вид. На крајот на краиштата, оваа риба е уловена и на голема длабочина, многу далеку од плажите!

No comments

Powered by Blogger.