Европа под вода: Во Берлин вонредна состојба, Полска поплавена, црни облаци над Москва

ПИШУВА: ТОЧКА

Олујното неврвеме кое вчера ги погодило Полска и Германија, моментално дивее во престолнината на Русија. "Епскиот потоп", како што го нарекле невремето во медиумите, е моментално над Москва. Црни облаци се надвиле над Москва, громовите пукаат, а се засилува и ветерот.


Претходно Министерството за вонредни ситуации на Русија предупредило дека ветерот во текот на олујата може да достигне и 24 метри во секунда. Спасувачите ги повикуваат граѓаните да бидат внимателни и без поголема потреба да не излегуваат од дома.

Берлин под вода

Берлинските пожарникари прогласиле вонредна состојба во германската престолнина откако примиле стотина телефонски повици за поплавени подруми и подземни гаражи, соопштено е од итната служба во Берлин.

Како што пишува Bild, дождот кој вчера врнел и продолжил да паѓа и утрово, во Берлин не е забележан во последните 110 години. Весникот пишува дека во германската престолнина вчера паднале 150 литри вода по квадратен метар.



"Во просек, во Берлин годишно паѓа околу 580 литри дожд. Тоа значи дека за само 18 часа паднало една четвртина од годишниот просек", пишува Thelocal.de. 

На фотографиите и снимките кои жителите на Берлин ги објавиле на социјалните мрежи, се гледа дека водата влегувала и во автобуси.



Во источните сојузни држави Бранденбург и Тиринги, како и во Хановер и уште неколку помали градови, исто така е пријавено дека некои куќе и улици се поплавено по обилните дождови.
Обилни дождови се очекуваат и во петок и сабота. Невремето пред Германија ги погодило и Чешка и Полска.

No comments

Powered by Blogger.