На пладне прес на СЈО, се очекуваат нови обвиненија



ПИШУВА: НОВАТВ

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на пладне закажа прес конференција.

Рокот од 18 месеци за поднесување обвиненија на СЈО истекува утре. Обвинителката Катица Јанева изјави неодамна дека очекува истрагите што се веќе спроведени од СЈО да завршат со обвиненија.

Пратеничката група на СДСМ предлага измени на Законот за СЈО. Тие бараат да се смени членот 22 од овој закон со кој се ограничува покренувањето на обвиненија на 18 месеци од денот на преземањето на материјалите. Но и измена на Законот за заштита на сведоци за да може СЈО да гарантира заштитата на лицата кои ќе би сведочеле.

СЈО досега подигна три обвиненија: за незаконско уништување на документација од системите на прислушување, за насилството во општина Центар и за случајот Транспортер, во кој градоначалникот на Битола, Владимир Талески, се товари за злоупотреби со превозот на ученици во Битола.

No comments

Powered by Blogger.