Ријана е кралица: Му одговорила на фан кој од неа побарал љубовен совет



Еден обожавател и пратил приватна порака на Ријана за да ја праша за љубовен совет. Поп ѕвездата му одговорила и тој разговор станал хит на интернет.

"Еј, Ријана. Како преболи скршено срце? Се борам", напишало момчето.

"Само верувај дека скршеното срце е подарок само по себе! Ако мораш плачи, нема да трае вечно. Ќе пронајдеш љубов повторно, и ќе биде уште поубаво. Во меѓувреме уживај во тоа што си", напишала Ријана.



Ова не е прв пат Ријана да одговори на фан со приватни проблеми. Така еднаш советувала момче како да му каже на семејството дека е хомосексуалец.

"Во ред е да бидеш исплашен, но најважно е да бидеш тоа што си. Всушност немаш избор, бидејќи тука не станува збор за одлука што можеш да ја донесеш. Тоа си што си, и колку и да е тешко, најдоброто што може да ти се случи е мир во себе. Твоето семејство можеби нема да те разбере, но за среќе живееш во генерација која ќе те разбере. Да не ја споменувам оваа заедница која секогаш ќе те поддржува", одговорила Рири.



Пејачката со овој потег уште еднаш ги освоила срцата на фановите и покажала каква кралица е. 

No comments

Powered by Blogger.