Џони Деп му се извини на Трамп: Коментарот за убиството на Доналд беше невкусна шега


Американскиот актер Џони Деп се извини поради шегата на сметка на Доналд Трамп, односно шегата за неговото убиство. Тој изјави дека немал лоша намера.

54-годишниот актер за американскиот магазин „Пипл“ изјави дека неговиот коментар кој што го изрече на престижниот музички фестивал „Гластонбери“ во Велика Британија бил „лоша и невкусна шега“.

Американскиот актер се пошегува на фестивалот и порача дека поминало долго време од кога некој актер убил американски претседател. Актерот алудираше на убиството на американскиот претседател Абрахам Линколн кој што во 1865-та година беше убиен од актерот Џон Вилкс Бат.

No comments

Powered by Blogger.