Тлото во Охрид се тресеше и во текот на изминатата ноќ и утрово



Земјотрес со јачина од 3.8 степени според Рихтер е почувствуван утрово во Охрид и околината. Епицентарот бил во раседот помеѓу селата Косел, Охридско, и Јанкоец, Ресенско.

Инаку, тлото во Охрид се тресеше и во текот на изминатата ноќ. Пет минути по полноќ Охрид го погоди нов силен земјотрес, кој според коригираните информации бил со магнитуда од 4.1 степени според Рихтер. Епицентарот е во раседот помеѓу Охрид и Ресен на 9 километри источно од селото Косел.

По овој, следеа повеќе послаби потреси. На земјотресот од 4.1 степени му претходеше серија земјотреси со среден интензитет. Во 20.46 часот регистриран е земјотрес со магнитуда од 2.7 степени според Европската макросеизмичка скала. Во 21.41 регистриран е земјотрес со јачина од 2.7, во 22.07ч. со јачина од 2.9 и во 22.33ч. со јачина од 2.6 степени.

Според сеизмолозите, се работи за афтершокови по големиот земјотрес што се случи вчера со јачина од 5 степени според Рихтер. Од 18 јуни до денес во охридскиот регион регистрирани се над 1000 земјотреси.

No comments

Powered by Blogger.