Што мислите - колку години има оваа „девојка“?

16, 18, 25, 30? Колку години би ѝ дале на атрактивната дама на фотографиите? Интернет корисниците се навистина збунети и никој не може да поверува во реалната возраст на Инстаграм ѕвездата.



Згодната Lure Hsu е Инстаграм ѕвезда од Тајван, а на популарната социјална мрежа ја следат речиси 240.000 луѓе. Но, голем број од следбениците воопшто не знаат колку таа всушност има години.
Долгоногата бринета, со сјајна и густа коса, често се фотографира во бикини кои ја откриваат нејзината совршена, витка фигура, а фотките каде нема шминка откриваат беспрекорен тен и кожа, која е сон за секој дерматолог.
За дизајнерката и блогерка, препознатлива и под псевдонимот „Fashionable Lure“, веќе пишуваа мноштво светски портали, а медиумите во Тајван особено ги привлекува фактот што нејзината помлада сестра е глумицата Sharon Hsu, добро позната на тамошната публика.
Па, колку Lure Hsu навистина има години? Верувале или не, оваа убавица наскоро ќе го прослави 42-иот роденден, а е една од оние жени за кои многумина сметаат дека се двојно помлади, па не би ѝ дале ни половина од годините.
Како го постигнува тоа? Покрај извонредните гени кои ги наследила од родителите, таа многу внимава на својот изглед, а годините вложување во себе и тоа како ѝ се исплателе, што може да се забележи и од приложените фотографии.
Lure пие многу вода и јаде воглавно зеленчук, избегнува шеќер и газирани пијалаци, а секое утре го започнува со шолја црно кафе. Не консумира лути сосови и зачини, а секојдневно користи крема со висок заштитен фактор, во текот на целиот ден.
Пие витамин C и колаген во течна форма, а се колне во користењето хидратантни креми, затоа што смета дека хидратацијата е најважна за младешкиот изглед на кожата.
Секоја чест, зар не?!

No comments

Powered by Blogger.