Морничаво предупредување од научниците: Целиот Балкан ќе стане ненаселена пустина, луѓето масовно ќе се селат на Сибир

ПИШУВА: ТОЧКА

Интернет порталот Big Think објави мапа која прикажува како ќе изгледа светот доколку просечната годишна температура продолжи да се зголемува за четири степени.

"Полинезија повеќе ја нема. Потона под морето. Пакистан и јужна Индија се напуштени, а Европа полека се претвора во пустина. Тоа е сценариото кое не очекува кога светот во просек годишно се загрева за 4 степени", пишува новинарот Франк Џејкобс.

Западниот Антарктик повеќе не е леден и непогоден за живеење. На новите зелени површини ќе бидат основани нови градови. Северна Канада, Скандинавија и Сибир ќе бидат новото живеалиште за стотиците милиони климатски мигранти кои ќе бидат принудени да се населат таму, велат научниците.



Новинарот Џејкобс заклучува дека "сега е вистинското време да се купи имот во Грендланд, пред и тој да позелени". Областите на мапата означени со кафеава боја ги претставуваат териториите кои ќе бидат "непогодни за живеење поради поплави, суша и екстремни временски услови". Меѓу нив се и источниот брег на САД, Мексико, Централна Америка и средиштето на Јужна Америка.

Во Африка исто така ќе завршат Мадагаскар и Мозамбик, а во Азија - Индија и Пакистан. Индокина и Индонезија исто така ќе бидат целосно напуштени.



Областите означени со портокалова боја се "пустини - области непогодни за живеење", меѓу кои се наоѓа и целиот Балкански полуостров, Австрија, Унгарија, Германија, Шпанија, Португалија ... Реките ќе пресушат и нема да има снег на Алпите повеќе - барем така предвидува мапата.

Подрачјата означени со црвена боја ќе бидат потопени поради растот на нивото на морето. Се претпоставува дека топењето на мразот поради годишното зголемување на температурите за 4 степени ќе предизвика раст на нивото на морето од два метри. Иако оваа бројка не е многу висока, таа е смртоносна за густо населени области кои ќе бидат потопени. На пример САД, кои би изгубиле речиси 40% од популацијата.

Светло зелената боја ги означува областите каде што ќе биде можно да се одгледува храна и да се основаат градови. Помеѓу нив е и Западен Антарктик, непрепознатлив и густо населен. Нов Зеланд ќе стане една од најгусто населените области.



Во Сибир и Канада врнежите и повисоките температури ќе создадат идеални услови за одгледување на храна за поголемиот дел од светот. Велика Британија, Скандинавија, Гренланд и северна Русија ќе обезбедат засолниште за поголемиот дел од населението во светот.

Темно зелените области нема да останат бескорисни. Оние кои се означени со зелени точки ќе бидат искористени за соларна енергија, а црвените точки за геотермална енергија. огромните ветроелектрани на бреговите на Јужна Америка, Алјаска и Северното море ќе произведува енергија за потребите на остатокот од планетата.

No comments

Powered by Blogger.