Најголеми банкроти во историјата на спортот: Купувале тигри, подарувале автомобили, изневерувале жени и на крајот - банкротирале!

ПИШУВА: ТОЧКА

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер, прогласил банкрот поради значаен долгорочен долг, но тој не е единствен случај во светот на спортот кој банкротирал.

Адвокатите на тројниот шампион на Вимблдон се обиделе да се спогодат со Судот за регистрирање на случајот во Лондон, што била негова последна шанса да го исплати "заостанатиот долг".

Сепак, судијката Кристин Дерет соопштила дека не постојат кредибилни докази дека долгот ќе биде вратен во брзо време, па одбила да го прекине процесот на 28 дена, како што било барано.



"Стекнав впечаток дека Бекер е човек кој ја држи главата во песок", рекла Дерет, која се потсетила дека некогаш ги гледала натпреварите на славниот Германец.

Слично завршувале и други познати спортисти, и пред Бекер.



Дека славата може и тоа како да ви удри во глава, покажувале со својот шопинг - купувале работи кои се недостижни за обичните смртници, и оделе во крајност до степен на апсурд.

Ова можеби најдобро го опишува случајот на Мајк Тајсон, кој несвесно ги трошел парите на автомобили, куќи, жени, но и - тигри!

Силување, посед на дрога, претепување на сопругата, насилство. Сето тоа го правел Мајк Тајсон, најмладиот шампион во светот во тешка катеогрија, по многумина "најзлобниот човек во историјата". Но, денес е најпознат и како најглупав на планетата.



"Многу го сакам, но морам да признаам дека не располагаше многу паметно со парите. како успеа да потроши толку пари, навистина не ми е јасно", изјавил Дон Кинг, познат боксерски промотер, кој бил обвинет од Тајсон дека му останал должен за околу 100 милиони долари.

Купувал тигри за милиони долари, а тоа е само еден пример. Ивандер Холифилд и Ален Ајверсон се држеле до стари формули, подарувале автомобили и куќи. На крајот нивните пријатели станале побогати од тоа што се тие денес. Таков е и Џорџ Бест.


"Многу пари потрошив на алкохол, жени и брзи автомобили. Остатокот го потрошив на глупости", е легендарна изјава која доволно зборува за тоа како не можеле да го контролираат трошењето на парите.

Најголеми банкроти на спортисти во историјата

- Мајк Тајсон - 350 милиони долари

- Ивандер Холифилд - 200 милиони долари

- Ален Ајверсон - 180 милиони долари

- Мајкл Вик - 100 милиони долари.

- Ентоан Вокер - 98 милиони долари

No comments

Powered by Blogger.