Домашно приготвен сок кој ги "топи" и најтврдокорните масни наслаги

пишува: точка

Покрај тоа што е неверојатно здрав за целокупниот орагнизам, овој природен сок од домати, лимон, ѓумбир, целер и лута пиперка исто така е и најлут непријател на мастите, a и одлично освежување за моменталните температури.

Сите состојки од кои се состои овој моќен природен напиток го забрзуваат метаболизмот и ги разложуваат и најупорните маснотии наталожени на критичните делови од телото.

Доколку го конзумирате сокот секојдневно покрај умерена, здрава исхрана, резултатот за помалку за еден месец е загарантиран. Покрај тоа, овој сок ќе ги надополни изгубените течности од телото во текот на жешките денови.



За една чаша сок (220 милилитри) потребни ви се – еден филџан сок од домати (без шеќер), 2 стебленца целер , една четвртина чаша сок од лимон , 1 лажичка ѓумбир (свеж и изрендан), 1 лута пиперка (а може да додадете половина лажичка црн пипер).

Подготовка – Помешајте го сокот од домати со сокот од лимон, ѓумбирот и толчената лута пиперка. Добиениот сок претурете го во висока стаклена чаша и додадете го целерот. Пијте го полека и грицкајте го целерот.

Од оваа напивка може да направите поголема количина која ќе биде доволна за два дена, односно за шест чаши сок. Чувајте ја во фрижидер. По три чаши сок конзумирајте во текот на денот и тоа распоредете ги во периодот меѓу појадокот, ручекот и вечерата, наместо меѓуоброци. По желба во чашата може да додадете и две-три коцки мраз.

No comments

Powered by Blogger.