Сан Фермин без крв: Топлес протест во Шпанија против убивање на биковите во Памплона

Пишува: Точка

Околу 100 полуголи борци за права на животните, со пластични рогови на главата, се собрале на протест во Памплона.

Околу 100 полуголи борци за правата на животните, со пластични рогови на глава, се собрале денес на протестите во Памплона и повикале на ставање крај на традиционалните борби со бикови во Шпанија, истурајќи пудра со црвена боја по градот, ден пред фестивалот Сан Фермин. 


Сан Фермин е фестивал кој секоја година се одржува во чест на Св. Фермин од Амјен и почнува со испукување на ракета која се нарекува "чупинацо", по што учесниците трчаат пред биковите низ тесните улици на Памплона, а трката се завршува во арената за борба со биковите.


Фестивалот трае од 6. до 14. јули, потсетува AP.


Некои активисти на своите гради напишале "стоп за борбите со бикови", на повеќе јазици, и така ја поддржале кампањата за "Сан Фермин без крв", која ја спроведува агенцијата ПЕТА и шпанската "AnimalNaturalis".


На фестивалот се очекуваат милион посетители, што е пет пати повеќе од вкупниот број жители на Памплона.

Се очекува за време на фестивалот да се убиваат 6 бикови дневно.










No comments

Powered by Blogger.