Вакво нешто беше очекувано: Еве што прави денес најубавото девојче во светот

ПИШУВА: ТОЧКА

Нејзината мајка смета дека е добро тоа што уште како мало девојче научила што е работа, работни навики и плата.

Младиот француски модел, девојчето Тилан Блондо, чии родители се фудбалерот Патрик Блондо и актерката Вероника Лоубри, својата прва работа ја добила кога имала само четири години.



Во 2011 година таа беше прогласена за „најубавото девојче во светот“. Со продорните сини очи и фотогеничното лице, беше јасно дека ќе порасне во убава девојка. Но, многу активисти и борци за детските права се прашуваа колку е модниот свет место за мало дете.



Кога имала 10 години учествувала во моден едиторијал на „Вог“, во облека со деколте и нашминкана, според многумина, многу несоодветно. Тогаш нејзината мајка рекла дека и самата се шокирала кога ги видела фотографиите, но само затоа што и` дале да носи златен ѓердан кој вреди милиони.



Покрај тоа, работата е исклучително стресна и поради тоа воопшто не е соодветна за деца, а дури и од младите модели се очекува прво да се грижат за својот физички изглед, а потоа за здравјето.



Некои земји ја забраниле работата на модели помлади од 16 години на модните писти, со аргумент дека модниот свет е „премногу сексуализиран за деца“. Студиите покажуваат дека девојчињата кои рано влегуваат во модните води имаат до 10 пати поголеми шанси да развијат некое нарушување во исхраната, но нејзината мајка не гледа ништо проблематично во тоа, верувајќи дека на својата ќерка и` ги всадила здравите животни принципи.



Исто така, таа смета дека е добро тоа што уште како мало девојче научила што е работа, работни навики и плата.

Денес таа има 16 години и самата вели дека ја обожува работата со која се занимава и искуството кое го стекнала, патувањата на кои била...

Тилан планира и понатаму да се занимава со моделингот, но не да го прави тоа целиот свој живот.



„Одбиваме околу 75 отсто од работите кои и се нудат, а до денес таа води нормален живот“, тврди нејзината мајка.

Денес Тилан е и ѕвезда на Инстаграм каде што има илјадници следбеници.

No comments

Powered by Blogger.