Татко и дедо покажале како се справуваат со детскиот бес во јавност

пишува: точка

Еден татко споделил фотографија на која одбива да биде посрамотен поради тоа што неговата ќерка има испади на бес во продавница и објаснил зошто сите родители треба да го следат неговиот пример.

Кога децата имаат испади на бес или не се однесуваат адекватно во јавност, тешко е да не се чувствувате како лош родител. Но, децата се исто така малечки луѓе, полни со емоции, волја и сè друго што “доаѓа во пакет”. Поради тоа, кога тие ќе се фрлат на подот од продавницата, не треба да побегнеме од срам.

Таткото Џастин Балдони неодамна имал токму таква ситуација додека бил на шопинг со своето семејство, а на фотографијата кој тој ја споделил на Инстаграм, можеме да ја забележиме неговата ќерка како мавта со своите раце и нозе на подот, додека нејзиниот татко и дедо стојат мирно над неа.

Џастин во описот на фотографијата напишал: “Можам да замислам колку пати сум направил нешто вакво кога сум бил на нејзини години. Мојот татко ме научи многу околу тоа што значи да се биде маж, но оваа објава е само за една, единствена работа. Да се чувствувате пријатно во непријатното. Нешто што со години го гледав мојот татко како го прави истото со мене, повторно и повторно”.




Овој татко објаснил дека неговиот татко му допуштал да го чувствува она кое има потреба да го чувствува, никогаш не карајќи го што го посрамотил во јавност.

“Никогаш не ми кажал “Прекини, ме срамиш!” или “Не плачи!”. Сè до неодамна не сфаќав колку тоа било пресудно за мојот емоционален развој. Нашите деца учат и обработуваат толку многу информации што не знаат што да прават со сите тие нови чувства кои се појавуваат.” – вели тој.

Една од најубавите работи кои нè прават луѓе се токму емоциите, и треба да ги учиме децата да не се срамат да ги искажуваат, да научат да ги разбираат и обработуваат. Како родители, исто така мораме да се потсетиме дека децата сè уште ја немаат таа способност да владеат со своите чувства.

“Немојте да се срамите поради однесувањето на Вашите деца”, заклучува Џастин. “Тоа не се однесува на Вас во никоја смисла. Бидете трпеливи и љубезни самите кон себеси. Можеби кога и ние би покажувале сè што чувствуваме и би плачеле секогаш кога чувствуваме потреба за тоа, можеби би биле посреќни. А тоа е нешто што му е потребно на овој свет.” – вели Џастин.

No comments

Powered by Blogger.