Утрово нов земјотрес во Охридско


Утрово во 8 часот и 30 минути е регистриран уште еден земјотрес во Охридско, со јачина од 2.5 степени по Рихтер. Епицентарот бил околу осум километри од Охрид, со длабочина од два километри.

Во текот на ноќта во тој регион биле регистрирани уште два земјотреси, едниот со јачина од 2.6, а другиот 2.9 степени.

Во изминативе дваесетина дена во Охридско се регистрирани околу илјада потреси.

No comments

Powered by Blogger.