Пирс Броснан не ги симнува рацете од сопругата: „Слаб сум на нејзиниот поглед“


ПИШУВА: ТОЧКА

Тие се еден од најнормалните парови во шоубизнисот, а нивната љубов трае веќе 16 години.
Пирс Броснан и неговата сопруга Кили Шеј Смит моментално се на романтичен одмор во Италија, каде што дури и во вода влегуваат исклучиво заедно.

Познатиот „Џејмс Бонд“ не се одвојува од својата сопруга и просто не успева „да ги симне рацете од неа“. Тие цело време се прегрнувале во водата, а Пирс ја забавувал својата сопруга се` додека не се вратиле на својот брод.
А, потоа, темелно ја избришал со пешкирот како вистински џентлмен.


Среќниот пар кој неодамна се вратил од Хаваите, цело лето ужива возејќи се со својот брод по приморјето.
Славниот актер неодамна изјавил дека мисли дека неговата понежна половина е силна и дека секогаш има поддршка од неа.

„Ја сакам нејзината енергија и страст. Таа ја поседува силата без која не би можел да живеам. Кога ќе ме погледне Кили, станувам слаб“, изјавил вљубениот Пирс.

За потсетување, ирскиот актер е во брак со Кили од 2001 година, десет години откако ја одболувал смртта на претходната сопруга, која починала од рак во 43-тата година од животот.




No comments

Powered by Blogger.