Груевски барал да му се одземе имунитетот

ПИШУВА: ТОЧКА

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Никола Груевски, барал од собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања да му биде симнат пратеничкиот имунитет.

Барањето уследи по обвиненијата што ги поденесе Специјалното јавно обвинителство, од кои во четири Груевски е директно осомничени: „Титаник“ (за изборни измами), „ТНТ“ (за уривањето на „Космос“), „Тенк“ (за набавка на „мерцедес“) и “Траекторија“ (за изградба на автопат).

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утрово за Дојче веле изјавил дека нема информација дали такво барање од пратеникот Груевски е доставено до собраниската Комисија.

„Ако такво барање навистина е доставено до Комсијата, тогаш процедурата е згрешена. Тоа се доставува до претседателот на Собранието, кој потоа го доставува до пратениците, што воедно значи и налог надлежната Комисија да расправа за него. Таква е процедурата. До овој момент јас немам добиено такво барање од пратеникот Никола Груевски“, изјави утрово претседателот на парламентот, Талат Џафери.

Ова не е единствен начин да се симне нечиј пратенички имунитет, бидејќи осомниченото лице и пред надлежен орган усно може да се изјасни дека во постапката нема да се повикува на имунитетот, односно дека се откажува од него. Исто така, пратеничкиот иминутет се однесува на приведувањето, па така Собранието мора да процени и да даде согласност дали истото е оправдано или не. Пратеничкиот имунитет во никој случај не го ослободува Груевски ниту било кој друг од кривична одговорност.

За предметите во кои Груевски е обвинет, а СЈО бара притвор дури денеска ќе се знае што одлучил Кривичниот суд. Вчера сите барања за притвор беа одбиени, а се прифатија само поблагите мерки на претпазливост со одземање на пасош.

No comments

Powered by Blogger.