Матадорот Иван Фандињо или "убиецот на бикови" беше убиен од бик во неговата последна борба со ова животно

ПИШУВА: ТОЧКА

Шпанскиот тореадор почина откако беше прободен од бик за време на фестивал во југозападниот дел на Франција.

Иван Фандињо, 36, се сопнал од својата наметка и паднал на подот, кога бикот го нападнал и го прободел.

Тој се здобил со повреди на белите дробови и починал на пат кон болница од срцев удар, пишуваат француските медиуми.



Фандињо, кој учествувал во борбата со бикови која била дел од фестивалот Aire-sur-l'Adour, наводно е првиот матадор овој век кој умира во Франција за време на борба со бикови.





Фотографиите покажуваат дека тој бил свесен, но крварел во голема мера, додека го изнесуваат од арената.

Во јули, минатата година, тореадорот Виктор Барио (29) стана првиот матадор кој умре на ваков начин во Шпанија во последните 30 години, откако беше прободен од бик за време на нивната борба додека настанот се емитуваше во живо на телевизија.


Последниот случај на смрт на матадор за време на борба со бик во Франција се случи во 1921-ва година кога Исидоро Мари Фернандо почина во арената во Безиерс.

Фандињо беше повреден најмалку два пати претходно - еднаш во 2015-та година кога беше фрлен во воздух од бик во Памплона, Шпанија, но посериозно годината пред таа кога беше онесвестен во Бајон, Франција.



Противниците, ваквите борби натопени во крв ги нарекуваат варварски, а фановите велат дека оваа традиција е древна форма на уметност длабоко вкоренета во националната историја.





Борбата со бикoви (Корида) беше прогласена за легална во Франција во 2012-та година откако Уставниот совет ја отфрли молбата на активистите за правата на животните да се забрани оваа пракса. Повеќе од 1.000 бикови годишно умираат во француските борби со бикови. Иако коридата потекнува од соседна Шпанија, таа фатила корен и во Франција пред еден ипол век.

No comments

Powered by Blogger.