Што му порачаа Шварценегер и Макрон на Трамп?

Францускиот претседател Емануел Макрон и познатиот актер Арнолд Шварценегер му испратија видео порака на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува BBC.



Во неа Макрон порачува дека заедно повторно „ќе ја направат планетата голема“, алудирајќи на изборниот слоган на Трамп, дека ќе направи Америка повторно голема. Макрон и претходно ја критикуваше одлуката на Трамп за повлекување од Парискиот договор.

Шварценегер кратко објаснува дека со Макрон разговарал за животната средина и зелената иднина, додавајќи дека му е чест да соработува со францускиот лидер.

No comments

Powered by Blogger.