Летување на Родос – островот на љубовта и на сонцето



Легендата вели дека Аполон, богот на Љубовта и на Сонцето, го избрал Родос за свој дом, и оттогаш Родос има 300 сончеви денови во годината.



Родос е грчки остров кој вреди да се посети од многу причини, вклучувајќи ја и благата клима во текот на целата година. Станува збор за еден магичен остров кој, освен со природните убавини, ќе ве освои со илјадагодишната историја на античка Грција и прошетките меѓу ѕидовите на средновековниот град (заштитен од УНЕСКО), но, подеднакво исто ќе ве освои и со неверојатните погледи на морето, убавите плажи со ситен песок и богатата гастрономска понуда.

Од романтичните заливи од кои може да се види зајдисонцето, преку занаетчиските дуќани каде би можеле да подзастанете за шопинг, до рестораните и баровите каде може да уживате во пијалокот и храната, во продолжение проверете уште неколку важни причини зошто Родос е омилена летна дестинација за многумина од целиот свет.

Морето на Родос

Родос се наоѓа меѓу Средоземното и Егејското море и има две различни страни. Западниот брег, со поглед на Егејското море се карактеризира со карпести гребени и камени плажи, а источната страна е идеална за оние кои сакаат песочни плажи. Секоја плажа е различна, а тоа е уште една причина зашто вреди да се изнајми автомобил и да се шета од плажа до плажа на овој остров и да се истражува целата област од различни аспекти. Сепак, најубавите плажи се наоѓаат на североисточниот дел на островот, помеѓу градовите Родос и Линдос.



Плажите на Родос

Најпознатата плажа на Родос е познат како Ентони Квин Беј (но се нарекува Фалираки). Станува збор за залив сместен меѓу карпи, со кристално чиста вода и неверојатни бои. Цената на изнајмување на лежалка на оваа плажа изнесува 10 евра.



Прасонини е песочна плажа популарна за љубителите на пловењето и сурфањето, бидејќи тука е исклучително ветровито. Тоа е неверојатно убава плажа која вреди да се види дури и за оние кои не се занимаваат со водени спортови.

Неизбежно е да се видат и плажите кои се наоѓаат на местата каде што се „допираат“ Егејот и Медитеранот. Тука, особено глетките се незаборавни искуства.

Линдос

Линдос е, без сомнение, најубавото нешто што треба да се види во Родос. Фасцинантно село, со карактеристични улички, бели куќи, полни дуќанчиња…Не пропуштајте да ја посетите црквичката Панагија, мала црква во средината на селото карактеристична по бројните фрески. Селото е идеално за прошетка во секое време во денот, бидејќи изобилува со сенки и ладовинки. Направете пауза уживајќи во локалните барови или ресторани со интересни тераси сместени под сенките на дрвјата.



Стариот град на Родос

Стариот град на Родос е вграден во прстен од средновековни ѕидови и е признат како светско културно наследство на УНЕСКО.

Има околу 200 патчиња, улички и сокаци кои изгледаат како лавиринт во кој може да се „изгубите“ меѓу продавничките и погледите на историјата. Во стариот град се влегува преку порта од 15-от век, зад која ќе наидете на нешто што наликува на предел од филмовите – средновековно село кое всушност е едно од најстарите населени села во Европа. Најживописен е влезот во Елефтерија преку кој директно се стигнува со плоштадот Платеја Сими.



Каде да се сместите во Родос?

Препорачливо е да се сместите во еден од бројните апартмани или хотели на источниот бред, а наш фаворот е хотелот Колубија бич, кој претставува идеална точка за прошетка на околните места, а воедно и ќе уживате во прекрасната плажа пред вас. Користењето на лежалки тука е бесплатно, а сите соби имаат големи тераси со поглед на морето.





Гастрономската понуда е неверојатна – од скара до морски специјалитети, до локална и медитеранска кујна, додека кристално чистата вода, синото небо и хоризонтот, ќе ве остават без зборови.

No comments

Powered by Blogger.