НАСА го лансирала најмалиот сателит на светот: Еве која ќе биде неговата намена во вселената



Американската вселенска агенција НАСА во четвртокот го лансирала сателитот "KalamSat", кој го развила група тинејџери од Индија.

Сателитот е направен од полимер и тежок е само 64 грама. Направен е со помош на 3D печатар.

Во текот на мисијата, сателитот ќе биде активен само 12 минути и ќе врши операции како што се мерење на забрзување, ротација и магнетосфера.

Наречен е по некогашниот индиски претседател Абдул Калам и претставува најлесниот сателит на светот.

Тоа е воедно и прв пат НАСА да соработува со ученици од Индија.

No comments

Powered by Blogger.