Европскиот суд за правда донел одлука за вакцинирањето, би можела да загрози милиони животи

Пишува: Точка

Европскиот суд за правда минатата седмица, спротивно од елементарната научна писмесност и здравиот разум, донел одлуката за вакцинирањето која би можела да отвори цела лавина барања за оштетувања и сериозно да го загрози едно од најголемите достигнувања во историјата на медицината, кое не ослободи од бројни заразни болести и значително го продолжи траењето на човековиот живот.

Имено, како што пишува CNN, според одлуката на највисокиот суд на ЕУ, луѓето ќе можат да ги обвинат фармацевтските компании дека нивните вакцини им предизвикале болест, дури и да немаат никакви научни аргументи за тоа. Доволен доказ за поврзување на вакцината со болеста ќе биде фактот дека кај поголем број на луѓе кратко по вакцинацијата се појавила одредена болест која претходно ја немале.

Во текстот за одлуката пишува: "Поконкретно, од таа судска пракса произлегува дека судијата, при изрекување на својата оцена, може да смета дека фактичките елементи кои обвинителот ги наведува, како што се периодот меѓу вакцинацијата и настапувањето на болеста, и непостоењето на претходни назнаки за болеста, се сериозни, прецизни и доследни пресумпции кои може да ја докажат врската меѓу вакцината и болеста, без разлика на заклучокот дека со медицинско истражување не е утврдена врска меѓу овие две работи".

Одлуката предизвикала остри критики кај бројни експерти, како во Европа, така и во светот.

Ендру Полард, професор по детска инфектологија и имунологија од Универзитетот во Оксфорд, за Telegraphрекол дека пресудата на Европскиот суд не е во склад со нормалниот рационален пристап на анализата на доказите. Предупредил дека таа може да ги загрози програмите за вакцинирање кои секоја година ширум светот спасуваат милиони животи.

На пример, само од мали сипаници, кои се најзаразна позната болест, поради недоволна вакцинација во светот секојдневно умират околу 400 деца. А вакцината чини помалку од долар.



Коенциденцијата не е доказ за причината

Судиите со својата пресуда покажале дека не го разбираат значењето на темелните научни поими, како што се корелација и каузалност, кои е клучно да се разликуваат кога нешто треба да се докаже.

На секој што има елементарно научно образование му е јасно дека корелацијата, дали е временска или од друг вид, никако не може да се смета за доволен доказ за причина. На пример, научно е апсурдно да се тврди дека треперењето на лисјата на дрвата, само затоа што се случува во исто време како и олујата, се причина за невремето.

На сличен начин апсурдно е да се тврди дека одредена вакцина предизвикува некоја болест, само затоа што времето на дијагноза често се поклопува со моментот на вакцинирање, или затоа што бројот на дијагностицирани следи сличен тренд како и вакцинирањето.

Масло на огнот додава антивакцинализмот

Познато е дека антивакциналистите ширум светот упорно истакнуваат дека аутизмот во последните години е во пораст, дека тој пораст е во склад со бројот на вакцинирани деца, и дека аутизмот обично кај децата се јавува непосредно по вакцинирањето. Од тоа, како и од лажираните истражувања на гуруто на антивакцинализмот, Ендру Вејфилд, се изведува заклучок дека вакцината предизвикува аутизам.

Но, секој што знае барем нешто од научните методи, јасно му е дека временската коенциденција на вакцинирањето со појавата на симптомите на аутизамм, како и корелацијата на порастот на вакцинациите со случаите на аутизам, ни посебно ни заедно не докажуваат причинско-последична врска меѓу вакцинирањето и аутизмот. Тие евентуално може да бидат повод за сомнеж дека таква поврзаност постои. За доказ е потребно многу повеќе, потребно е барем да се покаже дека процентот на заболени е повисок кај вакцинираните отколку кај невакцинираните.

Пред се треба да се воочи дека бројот на случаи на аутизам е во пораст, дека за тоа може да постојат многу различни причини, а дека притоа ниедна од нив не мора да има никава врска со вакцинирањето. На пример, експертите истакнуваат дека доминантна причина за забележаниот тренд би можела да биде поквалитетната дијагностика, која, меѓу другото, вклучува поголема освестеност и поредовно пријавување на родителите, како и сепоразработени методи на тестирање.



ФОТО: INDEX.HR

Во прилог на тоа зборува и едно поново шведско истражување, кое покажало дека дијагностицираните слуачи на аутизам во последните 10 години значително растат, додека бројот на регистрирани симптоми утврдени во телефонски анкети истовремено стагнира.

Сличен пораст би можел да се забележи кај децата со дислексија. Иако таа потешкотија прв пат била откриена пред неколку децении, дури во 1980. година почнала да се следи и дијагностицира. Пред тоа се сметала за мрзеливост.

Уште една илустрација. Причинско-последичното поврзување на аутизмот со вакцината, едноставно на темел на корелацијата во порастот на бројот на вакцинирани и бројот на случаи со аутизам, е подеднакво бесмилено како да се поврзува аутизмот со органската храна чие производство во последните години бележи сличен тренд на раст. Со други зборови, на темел на претставената корелација, можеме да заклучиме дека за аутизмот е одговорен простот во производството на органска храна.

Една голема данска анализа направена со речиси половина милион испитаници, покажала дека процентот на луѓе со аутизам не е ништо поголем кај вакцинираните, отколку кај невакцинираните. Кога би постоела поврзаност, уделот на луѓе со аутизам би морал да биде значително поголем кај вакцинираната популација.



Мерење на ризиците и користа

Конкретната пресуда на Европскиот суд на правда произлегла од процесот во кој еден француски државјанин познат под иницијалите "J.W", заболел од мултипл склероза една година откако во 1998. година бил вакциниран против хепатит Б.

J.W во 2006. година ја тужел фармацевстката компанија “Санофи Пастеур”, која ја произвела вакцината, а долгогодишниот процес конечно завршил на Европскиот суд за правда. Во овој случај посебно се проблематични три работи - првата е тоа што одлуките на тој суд неретко служат како водич низ сите европски судови, втората е тоа што оваа одлука за донесување на пресудата им е препуштена на судии кои не се научно писмени, а третата е што истата одлука во следниот чекор би можела да се прошири на сите лекови. Тоа би можело значително да го закомпликува и поскапи развојот на лекови да го загрози целото човештво.




Европа не е научен рај, туку континент на стагнација

Американскиот молекулен биолог, Алекс Березов, научен колумнист и член на организацијата "American Council of Science", минатата седмица одлуката на Европскиот суд ја нарекол кафкијанска.

Но, сепак смета дека веста никого не би требало да изненади, бидејќи Европа, спротивно од впечатоците кои постојат во САД, всушност не е никаков напреден научен рај на 21. век.

"Таа е континент во стагнација заробен во култура на невнимание и некомпетитивност. Всушност, новото истражување објавено во оксфордското списание "Science and Public Policy", покажа дека САД открива четири пати повеќе клучни откритија отколку Европа".

Березов истакнува дека голем проблем е тоа што искуството покажало дека ненаучните паранои кои наоѓаат плодно земјиште во Европа, не остануваат само во Европа - тие, за жал, се извезуваат.

"Европските политичари, новинари и граѓани, треба да се ангажираат во јавна расправа. Треба да одлучат каков вид на општество сакаат. Такво што ќе се темели на наука и докази, или такво кое ќе почива на псевдонаука и празноверие? Иронично е тоа што континентот кој бизарно се фали за напуштање на религијата, истата ја менува со постмодернистички глупости и псевдонаука. Добредојде на Новото Мрачно Доба", заклучува Березов.

No comments

Powered by Blogger.