Застрашувачко предупредување од славниот физичар: Океаните ќе зовријат, ќе живееме како во пекол

Пишува: Точка

Земјата ќе стане врела планета, со океани кои вријат и кисели дождови, доколку луѓето не ги спречат климатските промени, тврди физичарот Стивен Хокинг.

"Се поблиску сме до точката кога глобалното затоплување ќе го турне светот во пекол од кој нема враќање. Потезите на Доналд Трамп би можеле да ја турната Земјата преку работ, а нашата планета ќе стане како Венера, со температура од 250 степени и дождови од сулфурна киселина", изјавил Хокинг за BBC, коментирајќи ја одлуката на Трамп да ги повлече САД од парискиот климатски договор.

Многу експерти, меѓутоа, сметаат дека сценариото на Хокинг е многу драматично.

"Земјата во однос на Венера е многу подалеку до Сонцето и со оглед на нејзиниот хемиски состав никогаш нема да имаме толку густа атмосфера од јаглерод диоксид. Затоа не е веројатно дека Земјата ќе се загрее до 250 степени. Сепак, трендот со катастрофалните климатски промени навистина загрижува", истакнуваат експертите.

"Хокинг всушност сакал да предупреди дека животот на планетата ќе биде неодржлив ако не се справиме со опасните климатски промени", истакнал Мајкл Ман, научник за клима од Универзитетот Пенсилванија.

"На Земјата, во релативно блиско минато, пред околу 56-34 милиони години, било многу потопло, а нивното на јаглерод диоксид во атмосферата било три пати повисоко од денес. Дури и ако замислиме иднина со автомобили, авиони и клима уреди кои работат со полна пареа, нема климатски предвидувања за толку високо ниво на јаглерод диоксид во нашата атмосфера. Секако, секогаш постои можност за намерна саботажа", смета Кевин Занл, научник од Истражувачкиот центар Ејмс, при американската вселенска агенција НАСА.
Кевин Тренберт, климатски експерт од Националниот центар за истражување на атмосферата во Боулдер, Колорадо, вели дека самото достигнување и одржување на нивото на глобално загревање од 2 степени Целзиусови во текот на одреден период, предизвикало промени кои се веќе во тек и кои комплетно ги пореметиле еко-системите и земјоделството.
"Дрвата ќе растат, но потребни се нови видови. На земјоделците ќе им бидат потребни други видови на житарици. Сето ова се заканува на изворите за вода и храна. Изворите не мора да исчезнат, доволно е да бидат под потребното ниво и ќе настане хаос. Вакво сценарио е можно веќе во 2050. година, бидејќи во текот на таа деценија веројатно ќе бидеме на ниво на загревање од 2 степени", вели Тренберт.


Експертите предупредуваат и дека е теоретски можно новото на јаглерод диоксид да се зголеми доколку луѓето го запалат сето фосилно гориво на планетата. Во таков случај, нивото на CO2 би можело да порасне за 10 пати повеќе.

"Земјата не искусила толку високо ниво на CO2 стотина милиони години, а кравањето на нивото на морето, како последица од тоа, веројатно се мери во стотини метри, па може да се поздравиме од омилените приморски градови", заклучил Тајлер Робинсон, астробиолог од Универзитетот Вашингтон.

No comments

Powered by Blogger.